Се грижите ли доволно за здравјето? Телото ќе ви даде одговор!

Забрзаниот начин на живот ни отежнува да ги забележиме суптилните промени кои се случуваат во нашето тело. Човековото тело, како што велат експертите, многу порано почнува да покажува симптоми дека нешто не е во ред и дека не водиме доволно грижа за себе.

Лош квалитет на косата

Испукани врвови, опаѓање на косата, претерано масна коса и првут се знаци дека лошо се храните и дека во организмот ви недостигаат протеини, здрави масти, железо, цинк и витамин Ц. Косата прва почнува да праќа пораки дека немате рамнотежа во исхраната.

Видливи знаци дека стареете

Стареењето никој не може да го избегне, но сувата кожа и појавата на брчки да.

Сушењето на кожата и појавата на брчки понекогаш се случува порано затоа што не внесуваме доволно витмини, односно овошје и зеленчук, и тоа оние кои се богати со витамините А, Ц, Д и Е.

Лоша состојба на усната шуплина

Воспаление на непцата, крварење на непцата, често крварење на забите, испаѓање на забите и промените на јазикот укажуваат дека во исхраната имате премногу нездрави шеќери. Можеби вие и не јадете слатки секој ден, но консумирате сокови и друга храна за која не знаете дека содржи шеќери.

Нагло слабеење и дебелеење

Било каква нагла промена на телесната тежина е знак дека сте во тотална нерамнотежа, а истражувањата покажале дека со текот на времето тоа предизвикува појава на карцином. Поради тоа, водете сметка што и колку јадете.

Проблеми со концентрација и помнењето

Ако забележувате дека често заборавате работи, дека лошо помните и тешко се концентрирате, веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини, кои се неопходни за правилно функционирање на мозокот.

Проблеми со варењето

Проблемите со варењето како што е запекот, дијареата и др… се уште еден знак дека лошо се храните. Внесувајте низ исхраната намирници кои се богати со влакна.

Умор и исцрпеност

Повеќето луѓе најпрвин ќе се пожалат на симптоми на умор и исцрпеност, без да помислат дека тоа е еден од знаците дека лошо се храните. Овој проблем ќе го решите премногу лесно, започнете здраво да се храните.