Се гради нов паркинг простор во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров почна изградбата на нов паркинг простор во близина на спортското фудбалско игралиште „Млади Лавови“ на булеварот „Македонска Војска“. 

- Со вкупна површина од 850м², паркингот ќе овозможи простор за приближно 50 возила, обезбедувајќи уредено и безбедно место за паркирање. Ова е уште еден чекор во решавањето на проблемот со паркирањето и ослободување на улиците од непрописно паркирани возила, сподели градоначалникот Александар Стојкоски кој денеска направи увид во текот на работите.

Активностите се одвиваат според предвидената динамика, констатираше тој.