Се гради нов јавен паркинг позади Скопје Сити Мол (ФОТО)

Станарите од населбата Kарпош 3 лани добија бесплатен паркинг-простор во трговскиот центар „Сити мол“, но тоа не го реши проблемот со сообраќајниот метеж на улицата Љубљанска.

Сообраќајниот метеж во овој реон трае веќе неколку години, а почна откако „Сити мол“ воведе наплата на паркирањето во подземниот паркинг.

Возачите за да го избегнат плаќањето во гаражата почнаа да се паркираат во околните улици, како на местата на станарите на околните згради, така и по тротоарите, што предизвикува секојдневни нервози и караници.

Поради овие причини, зад трговскиот центар се гради нов јавен, соопштија од општина Карпош.