Се градат нови, а 3.600 станови се непродадени и стојат празни

Се градат нови, а 3.600 станови се непродадени и стојат празни. Според Статистика, градежните компании лани изградиле над 2.800 нови станови.

И покрај големата понуда, од градежната комора велат дека за сега нема да се намали цената за метар квадратен. Уверуваат дека има простор и за нови градби, доколку се работи плански.

Најатрактивен и натаму останува Скопскиот регион, каде бројката на нови станови изнесува 2001. Потоа следуваат Југоисточниот, со изградени 334, и Југозападниот регион, со 132 нови станови.

Во Скопје, најмногу се гради во населбата Аеродром. Таму во текот на минатата година се изградиле 726 станови. Потоа следуваат Карпош со 458 и Кисела Вода со 424 нови станови.

Просечната површина на новоизградените живеалишта е 63,3 м2.

Најевтини се становите во периферијата од Скопје. Таму цената се движи од 600 до 900 евра за квадрат. Најскапо се плаќа за станови во населбите Центар, Карпош и Аеродром, каде метар квадратен чини од 1.000 до 1.300 евра.

Статистиката покажува дека во текот на минатата година реализирани се градежни активности во вредност од речиси 470 милиони евра.