Се готви ново поскапување на бензините - нафтата најскапа во последните 2,5 години

Ново поскапување на нафтените деривати најавуваат движењата на цените на светските берзи.

Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник.

Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден го достигна највисокото ниво по декември 2015 година и се продаваше за повеќе од 76 долари, за во текот на денешниот ден да се спушти под нивото од 75 долари за барел.

Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.

На 30 април Регулаторот ги покачи цените на сите нафтени деривати за 2 денари по литар па така бензините по неколку години го надминаа нивото од 70 денари, односно толку чини 95 октанскиот бензин, додека 98 октанскиот е за 1,5 денари поскап.

Дизелот се точи за 62 денари по литар.