Се е против нас, но јас се уште те бирам тебе!

„Се заљубив во него. Но, не останувам со него само затоа што нема друг. Јас сум со него затоа што го избирам тоа, секој ден кога ќе се разбудам, секој ден кога се расправаме или кога се лажеме или меѓусебно разочаруваме. Го избирам одново и одново и тој ме избира мене.“

Можеби ниту јас, ниту ни, немавме некој избор, но се уште те бирам тебе. Те избрав уште во моментот кога моите очи се сретнаа со твоите, создавајќи бранови на промена за кои би биле потребни години за да навистина се видат плодовите од тоа.

Те избирам поради тоа што никогаш немаше момент кога моето срце можеше да ме сопре да го направам тоа што знаев дека треба да го направам.

Во еден момент мислев љубовта е еднонасочна улица, но сега знам дека тоа  е многу покомплицирано. Понекогаш потребно е да поминеме неколку раскрсници за да се најдеме на половина пат и да видиме каде ќе не однесе патувањето.

Сега знам дека моето срце беше твое уште пред да бидам свесна за тоа. Можеби немав секогаш избор да те сакам, но имав избор дали ќе си признаам самата на себе или не.

Имав избор околу тоа дали ќе те изберам тебе или ќе ги прифатам солените солзи на скршеното срце кои ќе стоплуваат.

На крајот не е важно што ќе се случи. Искрено, да те изберам тебе е единствениот избор со кој можам да живеам.

Драги, ти влезе под мојата кожа, на начин кој истовремено ме скокоткаше и подлудуваше.

Те избрав кога не беше лесно, кога изгледаше дека светот е против нас. Кога изгледаше невозможно. Те избрав дури и кога не беше секогаш правилно и без оглед на тоа како стигнавме тука, во овој совршен розев момент, јас повторно би го направила сето тоа одново.

Затоа што кога те избрав тебе, јас се избрав себеси.

Колку повеќе те избирам, толку повеќе сум лојална кон себеси и мојот вистински идентитет. 

Не можеме да бираме кого сакаме или со кого ќе имаме хемија, но секогаш имаме избор околу тоа дали ќе преземеме нешто или не.

Немав избор кога станува збор за тоа да те сакам, но имав избор да одберам дали ќе ти кажам дека те сакам.

Не избрав, ниту сакав мојата желба за тебе да биде толку електрична, но секој пат кога ќе те допрев го правев изборот. 

Те избрав затоа што нешто во врска со тебе беше толку поинакво и без оглед дали ќе останеме заедно или не, ти секогаш ќе бидеш патот по кој требаше да одам.

На моменти нам ни е даден изборот кој делува  потрешен или комплициран, па затоа го игнорираме и продолжуваме. Сепак кога одреден избор постојано се појавува, принудени сме да видиме дека можеби се враќа со причина.

Но, без оглед на тоа колку пати нешто се враќа назад, ако не сме подготвени да му пријдеме поинаку, тогаш секогаш ќе излегува онака како што излегувало претходно. Ова е причината поради која не велам дека немам избор, туку дека те бирам тебе. Те бирам и денес и утре, се додека те сакам.

Затоа што тоа да не те изберам тебе никогаш не беше избор.