Се дотерува левиот кеј

Нови клупи, канти за отпадоци, како и канделабри, ќе се поставуваат на кејот на реката Вардар, од страна на Министерството за надворешни работи, па сè до Археолошкиот музеј.

Град Скопје почна со уредувањето, во чии рамки ќе се поправа и распаднатиот ѕид на кејот, а ќе биде поставено и ново осветлување. Градежните активности треба да завршат за четири месеци.