Се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани во општина Бутел

Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани.

-Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег. Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез. Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.