Се чисти коритото на Вардар

Комуналните служби на Општина Карпош утринава се приклучија кон акцијата на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, ЈП Улици и патишта и ЈП Комунална хигиена за чистење на коритото на реката Вардар.


Поголем број на хигиеничари од нашата Општина и во изминатиот период го чистеа Кејот, а исто така се санираше и дел од јавното осветлување.Апелирам до сите граѓани, за зголемена грижа на околниот простор и заштита на животната средина при користење на Кејот на Вардар, изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.