Се чисти каналот за наводнување во Никиштани

Општина Ѓорче Петров, заедно со ЈП „Водостопанство“, започнаа со чистење на каналите за наводнување во Никиштани.

-Се расчистува траса во должина од два километри, локациски: северно од раздвојувањето кај река Лепенец, до селото. Со ова, земјоделците добиваат сигурен доток за наводнување на своите посеви, а се избегнува и опасноста од поплави и излевања- информираат од локалната самоуправа.