Се чисти и пак се собира отпад - „Комунална“ подигна картонски пакувања во Кисела Вода, Центар и Чаир

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир, изветси Комунална хигиена-Скопје.

Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини.

Во општината Чаир се отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Цветан Димов, додека во општината Центар е интервенирано на неколку локации долж булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини, соопшти Комунална хигиена-Скопје.