Се чистат улиците од снежните наноси во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи информираше дека повеќе од 7 часа активно се чистат улиците во општината. Тој посочи дека поради интензитетот на врнежите од снег активностите сеуште траат и ќе продолжат и во текот на денот.

„ Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места.

Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината.

Од почетокот на акцијата до сега по улиците низ Гази Баба се растурени повеќе од 30 тони сол и ризла“, напиша Стефковски.