
Скопски Водовод реализира акција за одржување на атмосферската канализација.
- Во согласност со временската прогноза и состојбите на терен, екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје. Дежурните екипи излегоа на терен и во текот на минатата вечер за контрола, брза реакција и интервенција на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација, инфромраа оттаму.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, остануваат подготвени за соодветна реакција, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје, додаваат од претпријатието.