Се чистат реквизитете за игра во општина Аеродром

Екипи на Општина Аеродром во текот на оваа работна недела ги уредуваат сите детски игралишта на ниво на целата територија, каде што се чистат гумените подлоги, како и реквизитите за побезбедна и поздрава игра на дечињата за време на претстојниот летен распуст.

- Аеродром е општина позната по големиот број отворени спортски игралишта за фудбал, кошарка и разни спортови, на кои конечно беше пуштено осветлување за вечерен спорт и рекреација на аеродромци во топлиот период што следува, соопштија од општината.