Се чекаме кај Чичко Стоилко (фото)

Генерации и генерации млади луѓе токму ова место го користеа за започнување на излегувањето. Најбитно беше прво да се дојде пред сендвичарата „Чичко Стоилко“, да се види и биде виден а потоа следеа договори за натамошното минување на вечерта…

„Те чекам кај Чичко Стоилко“  – ова е еден скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот.

Сепак, дојде времето кога чичкото и Нино заминаа во историјата, односно и двата објекти беа остранети од локациите.

Отстранувањето на сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти беше изведена по законска обврска на општина Центар која постапуваше по донесеното решение и на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата.

Во моментов на оваа локација има поставено скилиња на кои се изведува новата фасада на ЕВН.