Се чека ли трета дадилка да истепа детенце?

Сите на сет глас викаме дека децата се најважни. Државните институции викаат дури и малку посилно. Ама, кога за само една недела, две дадилки се откриени и снимени како тепаат и малтретираат мали деца, тогаш некако гласот им е подослабнат.

Обидот на државата со воведување на лиценци за дадилките од пред неколку години беше добар чекор, но оигледно му треба надополнување. Го прави ли тоа барем сега надлежното министерство?

Еве, сега се гледа дека треба и надополнување на условите за добивање на лиценци. Односно, дека не е во ред само да се бара било какво средно образование, лицето да не било осудувано и слично. Потребни се сепак стручни проценки за тоа дали одредени лица се способни за работење со деца. Зошто да не се проверува таа способност и на неколку години?

Но, пред да се даваат предлози, најважно е институциите да почнат пак да се гласни, ама овој пат не дека многу ги сакаат децата туку какви решенија имаат за да саканите деца имаат поубаво и поспокојно детство. Зарем ќе шекаат и трета дадилка да мавне некое детенце па да се раздвижат?

Секако, во меѓувреме, родителите нека отвораат „четири очи“!