Се ближи денот на жената: Каде може да се патува без ПЦР тест?

8 Март или Меѓународниот ден на жената е за неполн месец, а туристичките агенции веќе излегоа со свои понуди, многу поразлични и посиромашни од претходните години. 

Оваа година без ПЦР тест, може да се патува во Србија, Албанија и Косово, па така туристичките агенции понудите ги вртат околу овие места.

Ако во минатите години Милано, Париз или Атина беа на прво место за патување, оваа година патувањата ќе бидат само во соседството. 

Органиирани патувања се нудат и за македонските туристички места, како што е на Попова Шапка, Маврово, Охрид, Берово. 

Разликата е огромна, велат од туристичките агенции. 

Тие организираат осмомартовски и пролетни патувања, но велат заинтересираноста е досата мала, надевајќи се дека за брзо ќе се среди ситуацијата. 

Велат дека граѓаните најмногу жалат за Грција и Бугарија.