Се бележи хоризонтална сигнализација во Карпош

Општина Карпош овие денови обележува поголем дел од постоечката хоризонтална сигнализација (пешачки делови). Деновиве се работеше во населбата Карпош 2 на улица „Драгиша Мишовиќ“ и во Козле на улицата „Џумајска“.

Со обележување на пешачките делови, како што соопшти Општина Карпош, ќе се продолжи и во претстојните денови.

– Основната цел е постојано да се зголемува безбедноста во сообраќајот. Покрај тековното одржување, локалната самоуправа работи и на нови сообраќајни решенија (каде што доминираат еднонасочни улици), се поставуваат заштитни столпчиња, „лежечки полицајци“ и слично, се наведува во соопштението.

Општината ги повикува граѓаните на Карпош, да пријавуваат места каде што е потребно повторно обележување на хоризонталната сигнализација, преку мобилната апликација „мЗаедница“ или преку официјалните канали на комуникација на општината на социјалните мрежи.