Се бележат пешачките премини пред градинките и училиштата во Карпош

Општина Карпош започна со акција за бележење на пешачките премини пред градинките и основните училишта.

-Станува збор за тековна акција, која се спроведува со цел хоризонталната сигнализација да биде повидлива за сите учесници во сообраќајот (возилата и пешаците), а со тоа да се зголеми и безбедноста. Апелирам до сите граѓани, да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци, а со посебно внимание да се однесуваат пред воспитно – образовните установи, велат од општината.