Се бараат најстроги казни за Вардар!

Мухамед Сејдини, вториот човек на УО на ФФМ, како што дознава „Македонски спорт“ побарал од наделжните во Федерацијата најстроги казни за Вардар за инцидентот што се случи вчера во ложата на „Филип Втори“ на дербито со Шкендија.

Да потсетиме дека и тој беше меѓу оние кои беа нападнати. Интересно е тоа што, неофицијално, се пожалил дека него го удриле  лица кои биле во ложата а не хулигани или фанови на Вардар. Исто така казна бара и членот на УО на ФФМ Салим Абдили кој беше во друштво на Сејдини во моментот кога се случи инцидентот.

Инаку во во групата која беше нападната, заедно со целото раководство на Шкендија, како гости на управата на тетовци биле и градоначaлникот на Приштина, потоа таткото на Ваљон Бехрами, познатиот репрезентативец на Швајцарија, но и други познати личности кои се блиски со првите луѓе на тетовскиот клуб. Дознаваме дека тие биле шокирани од сето тоа што го доживеале во ложата на Јужната трибина на „Филип Втори“. Сега останува да видиме дали ФФМ ќе преземе нешто во врска со сиот овој немил настан кој што го засени супер дербито меѓу Врадар и Шкендија.