Се бара притвор за дилер, им давал марихуана на деца во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против едно лице поради сомение дека продавал марихуана, и притоа овозможувал истата да ја козумираат и деца.

„Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба“, се вели во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.