Се бара место повеќе - Охрид полн со туристи за Илинден

Како и секоја година, така и оваа, Охрид за Илинден е полн со туристи. Се бара место повеќе. 

Иако временските услови оваа година не се на страна на охриѓани, периодов градот е полн со гости. Како домашни, така и странски. 

Охрид во моментов го живее шпицот на туристичката сезона. Празникот, стандардно го наполни градот со туристи од сите краеви ширум светот, а традиционалните фестивали, светските музички атракции и концерти дополнително ја проширија понудата.

Посетителите презадоволни од убавините на Охрид уживаат долж ривиерата ,плажите ,рестораните и кафетериите .

Инаку Охрид останува привлечен за посетителите. 

Цените на леглата се движат исто како и минататите годините, без некакви покачувања.