Голем интерес за најавениот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ во Скопје.
По шест години тој се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар, а скопјани бараат карта плус.
- По рекордно распродадените два концерта, неверојатниот интерес не само што не стивнува туку барањата од публиката се уште поинтензивни, а за сите вас со задоволство организираме и трет концерт за овој ексклузивен музички настан, велат организаторите.
Првиот концерт е закажан за 18. март, вториот за 19.март во „Борис Трајковски“, а третиот за 21. март во спортскиот центар „Јане Сандански“.
За претстојниот месец, февруари, за во Скопје е закажан голем концерт на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ.
- На 14 февруари за Денот на Вљубените публиката ќе има можност да ужива во експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл, најавуваат организаторите.
Концертот е закажан за во арената „Борис Трајковски“.