Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес направи увид на градежните работи за реконструкција и ревитализација на локални улици во населеното место Кирил Петрушевски.
- Бев на терен во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде што се во тек градежни активности за реконструкција и ревитализација на неколку делови од улици. Ќе се асфалтираат двата краци од ул. Зендел Џемаил и еден крак од ул. Боривое Милошевски, а во договор со жителите еден крак од ул. Зендел Џемаил ќе го направиме со павер елементи. Изминатиот период повеќе граѓани од ова населено место во комуникација со мене бараа решавање на овој проблем и тоа од денес станува реалност, сподели првиот човек на општината.
- Гази Баба е голема општина и сите проблеми невозможно е да се решат во две и половина години, но имаме план и визија. Со нашата одговорна, чесна и посветена работа за секој проблем на граѓаните ќе се најде решение. Нашиот народ заслужува - напиша Стефковски.