Се асфалтираат улици во Гази Баба

Општина Гази Баба по 45 години асфалтира улици во општината. Градоначалникот Бобан Стефковски вели дека ветувањата дадени кон жителите се исполнуваат.

„Утрово на повик од жителите на Кирил Петрушевски направив посета на улицата Зендел Џемаил на која завршуваат градежните работи за асфалтирање на краците. Граѓаните велат: децата ни пораснаа во кал, 45 години живееме тука и ова е прв пат да дојде градоначалникот.

Среќен сум што со нашата работа секојдневно ја создаваме новата иднина која ја ветивме за време на локалните избори во 2021 година. Продолжуваме со посветена, одговорна и чесна работа да работиме на решавање на проблемите кои ги имаат граѓаните“, напиша Стефковски.