Се асфалтираат и реконструираат улици во Карпош

Општина Карпош денеска реконструираше два коловоза на својата територија. Во населбата Средно Нерези во близина на црквата Св. Пантелејмон се асфалтираше улицата Козле бр. 11 во должина од 210 метри и три метри во широчина.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Изолација“, а локалната самоуправа за оваа интервенција издвои околу 500.000 денари.

Нов асфалт доби и дел од улицата Миле Поп Јорданов, која се наоѓа во близина на ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле. Реконструиран е коловозот во должина од 100 метри и широчина од шест метри.

Инфраструктурниот зафат го изведува фирмата „Изолација“, а Општина Карпош од својот буџет издвои околу 600.000 денари за оваа намена