Се асфалтира ул.1558 во населба Радишани

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски информираше дека се асфалтира ул.1558 во населбата Рашишани. Според градоначалникот ова е важна сообраќајница и е на барање на граѓаните.

„После неколку децении заедно со Министерство за транспорт и врски целосно ја реконструираме улица 1558 во Н. Радишани. Барањето на граѓаните се исполнува. Улица 1558 е важна сообраќајница во Н. Радишани, истата е во должина од 600м. Набрзо ќе биде целосно асфалтирана“, напиша Костовски.