
Од утрово се асфалтира новопроектираната улица 2 во населба Железара – уште еден значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата во нашата општина, истакна во објава на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски.
„Паралелно со изградбата на улицата, реализиравме и комплетна фекална канализација и нова водоводна мрежа – решенија кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните“, додава тој.
Вкупната вредност на проектот изнесува 14 милиони денари, обезбедени преку вториот јавен повик на Владата на Република Македонија. Улицата е со должина од 227 метри.
„Продолжуваме силно со инвестиции во патната инфраструктура – затоа што секое маало заслужува уредени улици и подобри услови за живот. Инвестираме насекаде“, посочи градоначалникот.