Од Општина Карпош на социјалните мрежи споделија дека во тек е асфалтирање на крак од улицата Марк Твен во населбата Влае 1.
Во објавата се наведува дека изведувач на градежните активности е ДПГТТУ ,, Филип Инженеринг" ДООЕЛ увоз-извоз, а должината на улицата е 162 метри.
Тие додаваат дека сумата која е издвоена од општинскиот буџет изнесува 1.597.513, 71 денари со ДДВ. Се очекува дека во текот на денешниот ден ќе заврши градежната акција.