Се апсеше за дрога во Аеродром, Центар и Волково

Вчера полицијата апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје. 

На 20.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Р.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 20.01.2025 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на село Волково, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 20.01.2025 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следуваат соодветни поднесоци против сторителите.