СДСМ во слободен пад во скопските општини

Аналитичарите, експртите, рејтинг агенциите, па дури и самата СДСМ се надеваше дека најголемиот дел од гласовите на референдумот ќе дојдат од урбаните општини, мислејќи на Скопје. Но, последните податоците за излезеност на референдумот покажуваат поинакви резултати: СДСМ во најголемиот дел од општините во Скопје успеа да натера да гласаат помалку гласачи од тие на последните локални избори.

Освен во Бутел и во Карпош во сите останати општини кои гравитираат во Скопје излезеноста е за 10 до 15 проценти помала од таа на локалните избори кои се одржаа минатата година.  Најголема разлика се забележува кај бројките во Гази Баба и Ѓорче Петров – општини кои се длабоко во негативата.

Бројките кои ги објави Државната изборна комисија покажуваа дека по успехот кој што го имаше владејачката партија во Скопје, последниот период СДСМ е во слободен пад.

Граѓаните и експертите се едногласни дека немањето проекти, лошата политика на локално ниво, ароганцијата и богатењето на одредена група граѓани блиски до власта се причината за ваквиот резултат на рефендумот.