СДСМ утре на когрес ќе го избере новото раководство на партијата

Утре со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ, информираат од опозициската партија.

„Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор).

На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот. Новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот со соодветни прес акредитации“, се вели во соопштението на партијата.