СДСМ слави на Бихаќка и спроти седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Трубачи дојдоа пред седиштето на Бихаќка каде СДСМ слави победа на претседателските избори. 

Од централниот штаб претходно беше нарачан кетеринг, а веќе стигнаа и голем дел од партиските членови. Меѓу присутните е и сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција прогласи победа на Пендаровски на претседателските избори.

Истовремено од зградата на општинската органиција на СДСМ Центар, која се наоѓа спроти белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, започна славеничка атмосфера. Од прозорците на организацијата членови на партијата со факли слават и извикуваат „Центар не е Пустец”, „Победа , победа”, „Шутка не ти бега Никола”…