Откако портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција се пофали за растот на минималната плата, со реакција се јавија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работна сила, кога земаа едвај 9.000 денари плата. Се грижиме за работниците. СДСМ го цени, го вреднува и го почитува работничкиот труд, порача денеска Кузеска од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека двоцифрената инфлација во државата го изела стандардот на граѓаните.
-Ниту просечната, а камо ли минималната плата, може да го покрие драстичното зголемување на цените во продавниците на сите продукти без исклучок. Поради неспособноста на власта и криминалот кој го прават секој ден инфлација во Македонија достигна 17.1%.СДС се фалат со покачување на минималната плата додека во државата живеат над половина милион граѓани на работ на сиромаштијата, се вели во нивната реакција.