Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска на денешната прес-конференција во седиштето на партијата кажа дека сопругата на главниот пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ, водителот Богдан Илиевски- Бетмен Велит, Анастасија Илиевска е нов член на управниот одбор на МЕПСО. Во нејзино друштво според Кузевска е и синот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов.
Но во случајов се работи за сосема две различни личности кои имаат исто име и презиме како гореспоменатите. Се работи за Анастасија Илиеска која е поранешен државен секретар во МВР и поранешна директорка на УЈП. Од ВМРО посочија дека и во вториот случај се работи за друго лице, а не за синот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација“, рече Марија
Прес-конференцијата на СДСМ е избришана од нивиот сајт но сликите сеуште можат да се најдат во интернет просторот.
Министерството за транспорт и врски кое е единствен акционер во АД МЕПСО вчера ги назначи Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.
Новиот Надзорен одбор на завчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.