СДСМ: Образовниот процес е обезбеден и во зима

Економско енергетскиот совет на Владата, синоќа одржа седница, на која тематика беше ситуацијата со енергетската криза.

Имено, од таму информираат дека се донесени одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима. 

-Донесена е одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа. Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство. 

Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската. Како одговорна, државотворна партија СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат помош за граѓаните и стопанството со цел полесно пребродување на последиците од светската економска и енергетска криза - стои во соопштението на владејачката партија.