СДСМ објави уште тројца кандидати за градоначалници - досега имаат објавено имиња за во 60 општини

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални.

Ова се имињата на кандидатите и за кои општини тие ќе трчаат на локалните избори:

1. Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

2. Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

3. Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.