СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери во Чаир и Сарај

СДСМ нема да оди со свои имиња, туку ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партии во Сарај, Гостивар, Дебар, Чаир, Липково, Пласница и Боговиње, соопшти денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски на прес-конференција.

Тој додаде дека во овие општини СДСМ ќе има свои советнички листи, како и во секоја општина во државата.

Денеска СДСМ објави дел од своите партиски кандидати за неколку скопски, како и за повеќе општини низ Македонија.