СДСМ изгуби над 65 000 гласови во скопските општини

Споредено со локалните избори во 2017 година, СДСМ има освоено 69 илјади гласови помалку во првиот круг на изборите за градоначалници, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Сепак, од неколку скопски општини сè уште не се пребројани 100% од гласачите, па разликата се очекува да биде околу 65 илјади гласови според проекциите.

Најмногу гласови СДСМ загуби во Аеродром, каде што Златко Марин пред четири години победи со 22.559 гласови, а сега Александар Филиповски има освоено 6.205 гасови по пребројани 71% од гласовите.

Во Карпош, Стефан Богоев победи со 21.278 гласови, а Душко Весковски собра 9.038 гласови, по пребројани 94% од гласовите.

Во Кисела Вода, Филип Темелковски минатите избори победи со 17.154 гласови, додека истиот кандидат сега има 7.299 гласови по пребројани 95% од гласовите. 

Извор