СДСМ го објави кандидатот за градоначалник на Центар

На претстојните локални избори, актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, нема повторно да се „трка“ за градоначалничката фотелја во Општина Центар. 

Денеска, СДСМ го соопштија својот кандидат за оваа општина.

Се работи за Горан Герасимовски, име кое често се споменуваше и пред официјално да бидат објавени имињата на кандидатите за градоначалници.

-Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со Александар Наумовски. Кандидат на градоначалник во Битола ќе биде Христо Кондовски, во Шуто Оризари ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани со Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Џипингаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски…, соопшти Николовски.

Останува уште да се соопшти и кандидатот за градоначалник на Кочани, но се очекува наскоро и тоа име да биде познато.