СДСМ ги соопшти имињата на новото партиско раководство

По завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ на која беше избрано новото раководство на партијата, лидерот на партијата, Венко Филипче го претстави новото партиско раководство.

Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Александар Димитријевиќ останува генерален секретар, Љупчо Фармаковски повторно е избран за организациски секретар, меѓу избраните членови во Извршниот одбор се Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јован Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ.

Советот на СДСМ ќе го раководи Ана Чупеска, досегашна потпретедателка на партијата која по локалните избори поднесе оставка на таа функција.

„Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите“, оцени Филипче.