Сауна, кафе и книги - главни карактеристики на најсреќната држава во светот

Финска е на првото место според Извештајот за среќни земји, и тоа втора година по ред. По неа следат Данска, Норвешка и Исланд. Освен европските земји, во првите 10 земји се само Канада и Нов Зеланд.

Но, што е толку специјално за Финска?

Податоците во ова истражување опфаќаат одговори од жителите на секоја земја, кои го рангираат квалитетот на живеење. Додека овие податоци се врзани со перцепцијата на жителите, истражувањето опфаќа и податоци поврзани со социјалниот систем, БДП, слободата да се направат животни избори, должина на животен век и тн.

Така, Финска може да се пофали со убава природа, убаво кафе и голем број на сауни. Се смета дека на нејзина територија можат да се најдат преку 3 милиони сауни.  Сауните се значен дел од финската култура и начин на живеење. Голем дел од жителите имаат изградено и свои мали сауни во дворот, а тие најмногу уживаат во читањето и убавото кафе. За нив, овие работи се одличен начин да се опуштат по напрониот ден. Тие не ги сметаат сауните за луксуз, туку за потреба. Денеска, голем дел од мајките во Финска се пораѓаат во сауна.

cheap nike free run 5.0