Сатурн тргнува на своето ретроградно движење: внимавајте на луѓето кои ви ласкаат и пазете се од кармата

Се спојуваат сегашноста и минатото. Кармата доаѓа по сите нас, а тој процес ќе трае до 29 септември, додека Сатурн се движи ретроградно.

Пред нас се неколку месеци кога од 11 мај ретроградниот Сатурн се наоѓа во знакот Водолија, а од 1 јули се преместува во знакот Јарец, каде ќе остане до 29 септември кога повторно почнува да се движи директно.

Ретоградното движење на Сатурн се случува еднаш годишно и неговата ретроградна фаза вообичаено трае 4 месеци. Тој нè потсетува на старите лекции, ја проверува реалноста и нашата автентичност, ги меша минатото и сегашноста. Но, не нè очекуваат само негативни лекции, туку и вредни дарови.

Сатурн е мајстор за поставување граници, одговорност, дисциплина и авторитети. Ако сте имале проблеми во минатото, Сатурн ќе ве повика да види колку сте ја научиле лекцијата. Ако во минатото сте биле добри и чесни, тој носи добра карма. 

Фокусот и мотивацијата за време на ретроградниот Сатурн доведува до продуктивност, достигнувања и добра репутација. Ќе бидете праведни и ќе ви пречи себичноста. 

Потоа, ретоградниот Сатурн во Јарец ќе бара донесување важни одлуки,особено на полето на партнерството. Ова е период во кој треба да се одлучите со кои луѓе ќе сакате да се поврзете и да го искористите својот потенцијал.

Душата ќе биде малку ранлива, а чувствителноста на високо ниво. Затоа, внимавајте на ласкањата  и убавите зборови. Бидете внимателни да не западнете во ризична љубовна заблуда.

Најдобрите одлуки ќе ги донесете ако се слушате себеси.