Саше Политико го билдa рејтингот на Заев и Марин во Аеродром

СДСМ упорно продолжува со својата црна кампања во пресрет на локалните избори, за ова денес обвини Ивица Коневски, кандидат за градоначалник од општина Аеродром.

Неговата реакција ја пренесуваме во целост:

Почитувани,
СДСМ упорно продолжува со својата црна кампања во пресрет на локалните избори.
Бегањето од дебати и испраќање новинарски натрапници, како Саше Политико, кои снимајќи со мобилни телефони ја нарушуваат приватноста на граѓаните, е јасен показател за нивото на култура кое го поседува сегашната власт во државата, на чело со нивниот премиер Зоран Заев и кандидадот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин.
Во предизборието, СДСМ во Аеродром покажа тотална безидејност и неконструктивност, а нискиот рејтинг на нивниот кандидат, очајно се обидуваат да го прикријат со безочни лаги, манипулации и вакви провокации со новинарски натрапници, кои не демнеат пред нашите домови и снимаат со мобилни телефони.
СДСМ и мојот противкандидат од таа партија се свесни за големиот пораз што ги очекува на 15 октомври. Откако не им успеаја сите досегашни обиди за мое лично оцрнување, како и за нарушување на угледот на институцијата со која раководам, почнаа да вплеткуваат и самопрогласени новинари, кои од петни жили, од само нивни разбирливи причини, се обидуваат да им помогнат во креирањето на црни сценарија.