Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски најави вечер за паметење.
- Подгответе се за вечер исполнета со вкус, музика и незаборавна енергија! На 13 јуни 2025 година (петок), со почеток во 19:30 часот, ве очекуваме на плоштадот во Автокоманда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“! Пред настапот на големата ѕвезда, уживајте во добра македонска музика која ќе го загрее амбиентот и ќе ја подигне атмосферата! А потоа… Саша Ковачевиќ – миленикот на балканската сцена, човекот со милионски хитови и уште повеќе срца освоени, ќе настапи како ѕвезда на вечерта и ќе приреди шоу за паметење! Ова не е обична вечер – ова е настан што не се пропушта. Најдоброто од гастрономијата, културата и музиката на едно место – „Вкусовите на Гази Баба“! - порача Стефковски.
Манифестацијата почнува во 19:30 часот на Плоштадот во Автокоманда.