Саша Ковачевиќ, Роџер Санчес...- Кој сѐ настапува летово на охридската ривиера?

И ова лето Охрид гарантира добра музичка забава! Кој сѐ настапува оваа сеозна покрај македонското езерско крајбрежје!

Миленикот на сите генерации, белградскиот заводник и срцекршач Саша Коваќевиќ ова лето со спектакуларен концерт на 5. август во Охрид, на локацијата која дефинитивно ќе биде најжешката точка за забава на Охридската ривиера- на плажата Горица трета!

Во понеделник на 1 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид гостуваат најголемите балкански ѕвезди во моментов Теодора Џехверовиќ и мистериозниот DEVITO, велат организаторите.

-Најуникатното балканско дуо, момците препознатливи по најенергичните настапи каде забавата е загарантирана и за чии настапи се бара карта повеќе... IN VIVO ова лето со концерт за првпат во Охридна 6. август.

Ова лето, на најголемиот македонски празник ден Илинден се раѓа OHRID FOREVER FESTIVAL, фестивал кој ќе трае... засекогаш, порачуваат организаторите.

Велат дека уште со самото прво издание фестивалот ќе се етаблира како сериозен настан со амбиција да прерасне во традиција, па ќе има навистина импресивна и ексклузивна програма која неможе да не ги задоволи вкусовите дури и на најпребирливите. Гостува еден од најголемите дј-и на сите времиња Роџер Санчес како една од ѕвездите на вечерта и носечки артисти на фестивалот, а на фестивалот ќе настапи и бендот кој во 2021 и 2022 година ги има планетарно најголемите хитови и бенд кој во моментов е најбараниот електронски состав во светот, австралиското дуо SHOUSE.