Сашa Богдановиќ е најуспешниот градоначалник во Скопје

Саша Богдановиќ е најуспешниот градоначалник во Скопје - ова го покажа анкетата која ја направи Скопје Инфо во изминатите две седмици.

Анкетата се спроведува по трет пат. Повеќе од 40 илјади граѓаните го дадоа својот глас за градоначалникот кој според нив беше најуспешен во изминатата, 2018 година.

Градоначалникот на општина Центар се најде на врвот на листата со повеќе од 13 илјади гласови, односно 32% од вкупниот број на гласови. Втор на листата е Златко Марин од Аеродром, а трет Филип Темелковски од Кисела Вода. На дното на листата се најдоа градоначалниците на Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Чаир и Шуто Оризари.

Саша Богдановиќ е роден 1985 година во Постојна, Словенија. Од 2013 бил директор на ЈП “Паркинзи на Општина Центар. На позицијата прв човек во општина Центар дојде по локалните избори кои се одржаа во 2017 година.