Сарај и Аеродром денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- Во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од с.Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Раовиќ, Семениште, Ласкарци и Паничари (општина Сарај)

- Во периодот од 10.30 до 11.30 часот, корисниците од ул. Хаџи Трајко (општина Аеродром). 

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека денеска (четврток) поради уличен дефект ф- 400 мм на Бутелска бб (спроти крак 1), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Бутелска, односно од крак 1 до крак 25.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така, утре, поради промена на затворачи ф-300 мм и ф-150 мм на крстосницата бул.Партизански Одреди/ул.Московска , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Московска и дел од бул. Партизански Одреди (потегот од бр.130 до крстосницата со ул. Московска).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување санација на дефектот.