Санкционирани неколку возачи кои вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 18 и 19.06.2022 полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце, Полициската станица за граничен премин Долно Блаце и Полициската станица за граничен премин Пелинце извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, на Граничен премин Табановце, управуван од Ш.Т. од с.Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин Пелинце, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.