Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи.
Како што информираат од Министерството од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.